Apple добива доста критики што оваа година основните iPhone 16 модели, кои не се баш евтини, повторно не го добијат ProMotion екранот, односно екранот со стапка на освежување од 120 херци. Критиката е разбирлива и јасна, за телефони кои се продаваат по цените на iPhone, не иде да немаат карактеристика која дури и поевтините Android смартфони ја имаат веќе со години.
Епа изгледа од идната година Apple конечно ќе го донесе нивниот ProMotion екран и кај основните модели, па корисниците веќе нема да мора да ги купуваат Pro моделите, ако оваа карактеристика е главната која им прави разлика.
Информацијата доаѓа од Рос Јанг за MacRumors, но засега не е познато дали основните модели ќе го добијат екранот кој стапката на освежување ја намалува до 1 херц, наместо до 10. Со оваа несигурност доаѓа и несигурноста за тоа дали основните модели ќе ја добијат Always On функцијата за екранот, исто така доста популарна кај корисниците.
За идната година се очекува и замена на Plus моделот со нов модел кој засега неофицијално се нарекува iPhone Air. Името доаѓа од MacBook Air лаптопот кој кога беше претставен беше најтенкиот на пазарот, а истото се очекува и за новиот iPhone.
Секако има време до претставувањето на новите iPhone модели, а истото се очекува да биде во септември 2025 година.