Оваа година, дури и најтврдокорните фанови на Windows Phone (Mobile) оперативниот систем почнаа да се префрлаат на iOS или Android, од едноставна причина што Microsoft не најавува дека особено многу ќе се вложува во развојот на мобилниот дел од Windows 10. Сепак, Сатја Надела најави дека тие нема да престанат со развојот на оваа дивизија и најави нови мобилни уреди.

Сепак, во неговото интервју дадено за Marketplace.org, тој најави дека овие уреди можеби нема да бидат како смартфоните кои ги знаеме денес. Поточно, овие уреди сигурно ќе донесат нешто различно, како што Surface дивизијата донесе во светот на лаптопите и таблетите.

Исто така, тој најави дека моментално Windows 10 Mobile е оперативен систем кој е насочен кон бизнис корисниците, благодарение на специјалните алатки како Continuum и фокусот на менаџментот и безбедноста.

Но, што може да се прочита од овие коментари на Надела? Тој тука скоро сигурно најавува дека Microsoft ќе лансира своевиден Surface Phone уред, кој треба да донесе нешто целосно ново во светот на смартфоните. Поточно, од него може да се очекува се, освен да биде обичен смартфон какви што имаме денес, нешто што Surface дивизијата знае особено добро да го направи.

Бидејќи веќе знаеме дека Microsoft развива и верзија на стандарден Windows 10 за ARM чиповите (како на пример Snapdragon 835), може да се очекува дека овој супер пренослив уред ќе има целосен Windows и на него ќе може да се инсталираат и класични Win32 програми симнати од интернет.

Извор: Windows Central, The Verge, Business Insider

Претходна статијаПретставен концептот на целосно ечектрична Škoda
Следна статијаOnePlus 5 најавен од извршниот директор на компанијата