samsung_w2017_1478237446068

Телефоните на преклоп веќе одамна престанаа да се продаваат на пазарите во Европа и САД, но на далечниот исток, поточно во Кина, купувачите и натаму ги сакаат овие модели. Затоа, Samsung го лансира новиот W2017, кој е телефон на преклоп со исклучително моќни перформанси и дури два дисплеи.

W2017 е прилично мал телефон за денешни услови – дисплеите имаат големина од 4,2 инчи, но тоа е и идејата на телефон на преклоп. Резолуцијата пак е Full HD (и кај двата дисплеи), што е прилично многу за телефон со толку мал дисплеј. Процесорот е Snapdragon 820 помогнат од 4 GB рам меморија, што значи дека перформансите ќе бидат прилично добри, додека во телефонот е и вграден простор за податоци со капацитет од 64 GB со слот за micro SD.

Камерите се исто така преземени од Galaxy S7 – задната има 12 мегапиксели и поддршка за 4K видео, додека предната има 5 мегапиксели, а W2017 е опремен и со безжично полнење и читач за отпечатоци на прстите. Батеријата има капацитет од 2.300 mAh, што е прилично малку иако дисплеите се прилично мали. Дефинитивно ќе беше добро Samsung да вградеше e-ink дисплеј надвор, кој троши многу малку енергија и ќе беше одличен за прегледување на нотификации.

Ако некој од Вас помисли на купување на овој телефон, макар и што никогаш нема да пристигне на нашиот пазар, еве едн податок кој дефинитивно ќе ве разочара – цената ќе му изнесува 2.960 долари, што е реално претерано многу за еден паметен телефон, дури и тој да е на преклоп.

Извор: Android Central, Tech Times, NDTV

Претходна статијаЗаврши шестиот Стартап Викенд Скопје
Следна статијаNokia телефоните со Android ќе пристигнат во 2017 година