890

Според протечена информација од TENAA, Samsung треба да лансира уште еден телефон на преклоп (SM-W2016), кој ќе има моќни перформанси и ретро носталгија за сите заљубени во ерата на „мобилни телефони“.

Ваквите телефони интересно се и натаму популарни во Јужна Кореја, односно на домашниот пазар на Samsung. Сепак, неодамнешниот мега успех на песната и спотот за изведбата “Hello” на Адел, каде таа користи телефон на преклоп, би можел да направи овој модел да успее и на западните пазари.

Самиот телефон има одлични перформанси – чипот ќе има осум јадра и најверојатно ќе биде Exynos 7420, истиот што се вградува и во новите Galaxy S6 и Note модели, помогнат од 3 GB рам меморија и 64 GB капацитет за складирање податоци.

Screenshot_1

Екранот има големина од 3,9 инчи и резолуција од 768х1280 пиксели, што кога ќе се затвори го прави многу лесен за носење во џеб, освен ако не ви пречи дебелината од 15,1 милиметри и тежината од 204 грама, кои сигурно ќе направат испакнатина на вашите фармерки.

Камерите имаат 8, односно 5 мегапиксели и ова се чини е единствениот дел каде овој телефон заостанува зад Galaxy S6, но во своја одбрана пак има физичка тастатура со бројки, на која можете да вртите на некој број без да гледате во неа. А да, како и секогаш со ваквите телефони, ќе можете да спуштите на секој повик како шеф.

Samsung SM-W2016, како што му е кодното име, во почеток ќе се нуди со Android Lollipop, но во иднина би требал да добие надградба на Marshmallow, исто како и серија останати модели на Samsung.

Извор: GSMArena, The Guardian

Претходна статија2016 ќе биде годината на Tizen уредите
Следна статијаApple ќе лансира нов, 4 инчен iPhone?