project-valley-samsung-foldable

Ова го чекавме веќе долго време – телефон со голем екран кој може буквално да се преклопи на пола за да можете да го пренесувате полесно. Или пак да го користите со една рака како помал телефон. Епа наскоро ќе можеме да го имаме и во нашите раце – Project Valley на Samsung е скоро спремен за лансирање.

Сето ова е секако благодарение на OLED технологијата за дисплеите, која овозможува исклучително свитливи екрани, каков што најави и LG со нов 55 инчен телевизор кој може да се свитка во ролна. Разликата е што телефонот на Samsung има посебен механизам со пружини, кој ќе му овозможи да седи преклопен, исто како и телефоните на преклоп од порано.

samsung-foldable-phone-patent-1

Интересно, протечени се дури и некои спецификации за телефонот. Во внатрешноста би требало да има Snapdragon 620 или 820 чип, помогнат од 3 GB рам меморија, што значи дека ќе се работи за уред со високи перформанси. Исто така, за разлика од новиот Galaxy S6, ќе има и слот за micro SD картичка, но нема да може да се отстрани батеријата, што е можеби и очекувано за ваков дизајн.

Со оглед на тоа за каква технологија се работи, би можеле да очекуваме дека овој таблет – телефон на преклоп ќе има и висока цена, но за вљубениците во технологијата, тоа сигурно нема да биде пречка. Особено што пред Apple секоја година во Септември се чекаат редици за телефони од 800 евра…

И едно е сигурно – Samsung и натаму е најголемиот иноватор во мобилната технологија, особено во откривањето на нови категории на уреди. Бидете сигурни дека после лансирањето на овој телефон, сите други ќе го следат корејскиот производител.

Извор: Techno Buffalo, Venture Beat, Tech Radar

Претходна статијаПолицијата на ЛА ќе изнајми 160 електрични возила за тестирање
Следна статијаROAR – Роботи кои ќе ви ги чистат кантите за ѓубре