Додека главниот акцент кај мобилните телефони може да се каже дека е кај камерите, сепак батеријата е нешто што нема корисник кој не би сакал да може да ја полни многу поретко. Додека чекаме уште да десетиците најави за напредок во технологијата за батерии станат реалност, а голема шанса во истото има Samsung, тоа што прави некаква разлика е подобрувањето на ефикасноста на чиповите и слично.

Сепак, доколку неофицијалните информации за претставување на телефон од средната класа од страна на Samsung со батерија со капацитет од 6.800 mAh се покажат како точни, корисниците на овој телефон нема толку да размислуваат за напредокот на технологијата на батериите.

Овој капацитет на батерија, во комбинација со компоненти од уред од средната класа, значи послаб процесор, помалку пиксели на екранот и слично, би овозможило да овој уред може да издржи сигурно барем два дена без потреба од полнење на батеријата.

Додека повторно се вратиме на времето кога полнењето на мобилните телефони се правеше најрано на 3 дена, сепак вакви уреди ќе бидат добредојдени во меѓувреме.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаК-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok
Следна статијаСо ИКТ решенија до креирање на систем што ќе ја надгради општествената одговорност на граѓаните во време на Ковид 19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.