Во декември минатата година, кога уште чекавме да видиме дали Galaxy S23 дефинитивно ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2, можевме да прочитаме дека Samsung планира да развие сопствен чип за телефоните во иднина. Со оглед на тоа што од компанијата веќе имаат сопствен чип, Exynos, се мисли на нов чип развиен од делот од Samsung кој е задолжен за развојот на смартфоните.

Информацијата тогаш беше пуштена од The Elec, а сега истата повторно излегува во јавноста преку BusinessKorea. Според нив, Samsung го има вработено Рахул Тули кој има работено во AMD на развој на процесори.

Двата сектори во Samsung, односно тој за развој на чипови и за смартфони, имаат креирано заеднички тим кој ќе треба да го дизајнира и развие новиот чип на кој ќе работат уредите од компанијата, односно смартфоните, таблет и лаптоп компјутерите.

Чипот, кој треба да биде наречен Galaxy Chip, треба да биде целосно дизајниран од страна на компанијата. Ова значи дека Samsung веќе не би зависел од ARM за дизајнот, а секако и од Qualcomm чии чипови сега ги користи.

Ова треба да овозможи многу поголема контрола на развојот на уредите, нивна оптимизација, како и контрола на трошоците. Овој бизнис модел е сличен со тој на Apple, кои веќе ги дизајнираат своите чипови за смартфоните, а неколку години и за лаптоп компјутерите. Познато е веќе на сите каков успех имаат новите М чипови од компанијата.

Според информациите, до 2025 би требало да ги видиме првите Galaxy чипови, но истите би работеле на дизајн од ARM. Целосно развиените чипови од Samsung, односно дизајнирани од нив, треба да се очекуваат во 2027 година.

До тогаш Samsung ќе продолжи да ги користи чиповите од Qualcomm, па ќе се одлучи за промена дури кога ќе бидат сигурни дека новите чипови можат да конкурираат, па дури и да ги надминат конкурентите.

Последниот чип од највисоката класа беше претставен минатата година, односно Exynos 2200. Овој чип донесе големи подобрувања кај перформансите, а и за првпат поддршка за „ray tracing“ за мобилните.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаКопаоник бизнис форумот и оваа година посветен на клучните предизвици на целиот регион
Следна статијаSamsung ги регистрира „Galaxy Glasses“ и „Galaxy Ring“ уредите во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.