samsung-ultrasonic

Се работи за три додатоци кои што се наменети за Galaxy Core Advance мобилниот телефон кој што беше претставен при крајот на минатата година. Истиот спаѓа во ниската класа на мобилни телефони, со прилично слаб хардвер и перформанси. Она по што е познат овој уред е присуството на физички копчиња на него, спротивно на трендот на се помалку копчиња или користење на капацитивни копчиња. Core Advance користи физички копчиња на предната страна за menu, home и back командите, како и копчиња за камерата и диктафонот (voice recorder). Со тоа овој телефон покрај за корисниците кои што ги сметаат за корисни ваквите копчиња е многу корисен за корисниците со проблеми со видот.

Трите додатоци кои што ги претстави Samsung за овој телефон и корисниците со проблеми со видот се следните:

The Ultrasonic Cover или Ултразвучна футрола им овозможува на корисниците со проблеми со видот движење низ непознат простор. Поточно со поставување на футролата пред него, истата е во можност да го извести корисникот за пречки и луѓе во далечина до 2 метри. Известувањето до корисникот го прави преку вибрирање или преку користење на гласовно известување.

US4

The Optical Scan Stand или Држач за оптичко скенирање служи за препознавање на текст од весник на пример или слика, по што истиот ја чита на корисникот. Работи преку поставување на мобилниот телефон на специјално направениот држач, кој што по поставувањето на текст под уредот истиот го препознава и ја активира специјално направената апликација.

os4

The Voice Label или Звучна етикета им овозможува на корисниците препознавање на разни објекти со поставување на етикетата на нив и снимање на кратко објаснување. Етикетата користи NFC технологија со што поврзувањето е едноставно и потребно е само поставување на телефонот во близина на објектот и истиот ќе го пушти снименото аудио.

sv1

Претходна статијаMozilla прикажа демо од Unreal Engine 4 како функционира во Firefox
Следна статијаУапсен човек кој се заканувал на Twitter дека ќе пука во некого ако добие 100 ретвитови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.