Samsung ја прескокна Galaxy S22 серијата и првпат после неколку години не претстави FE верзија од оваа серија. Имаше неколку гласини за тоа кога може да се очекува моделот, но сепак како што гледаме, тоа изгледа нема да се случи.

Неофицијалните информации сега најавуваат дека оваа година може да се очекува FE верзија од Galaxy S23 серијата, а достапни се и неколку најави за што може да очекува од овој смартфон.

Главната информација која е објавена преку Twitter е дека Galaxy S23 FE ќе работи на ланскиот Snapdragon 8+ Gen 1, а поради тоа може да се очекува пониска цена, нешто што ќе го направи овој уред доста привлечен.

Доколку цената биде доволно пониска, користењето на ланскиот чип воопшто не би претставувало проблем. Овој чип се покажа доста добро, а затоа и Qualcomm споредбите на новиот Snapdragon 8 Gen 2 ги прави со Snapdragon 8 Gen 1, а не со 8+ моделот.

Како и обично, FE верзијата од Galaxy S23 ќе има некоја комбинација од карактеристиките на оваа серија, но и некои „недостатоци“, од каде доаѓа и пониската цена.

Според информациите, може да се очекува некаде во втората половина од оваа година, а до тогаш сигурно ќе дознаеме и нешто повеќе.

Користењето на различен чип од главната серија, нешто што би било ново, може да значи дека Galaxy S23 FE ќе има дополнително пониска цена во споредба со претходните FE модели.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаНе ја одложувајте инсталацијата на најновите верзии од iOS и macOS
Следна статијаАпликацијата за вести од ко-основачите на Instagram достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.