Screenshot_1

Во Азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, телефоните на преклопување се уште имаат свое место на пазарот. Најновиот ваков телефон на Samsung, кој има најмногу телефони на преклопување во понудата, се вика G9198 и има прилично моќни спецификации, како кај уредите од највисоката класа.

Интересно, телефонот има два AMOLED дисплеи, со иста, 1280х768 резолуција, растегната на 3,9 инчи во дијагонала, што значи дека ќе може да го користите и отворен и затворен. Секако, и двата екрани имаат можност за допир, но тој внатрешниот веројатно ќе биде подобро да се користи преку тастатурата.

samsung-g9198-render

Рековме тастатурата? Да, како кај телефоните од пред 10-тина години, G9198 има нумеричка тастатура, која ќе овозможи супер брзо бирање на повици. Ваквиот потег дефинитивно ќе ги задоволи традиционалните корисници, како на пример Вашите родители, секако.

Во внатрешноста, вграден е Snapdragon 808 процесор со 6 јадра, 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Камерите се истите од Galaxy S6 и Note 5, со 16 мегапиксели назад и 5 мегапиксели напред, исто како и сензорот за мерење на отчукувањата на срцето. Батеријата има 2020 mAh, додека вградена е и поддршка за две SIM картички.

Samsung-G9198-2

На многу носталгичари од Вас веројатно им се допаѓа идејата за еден ваков, да не речам „вистински“ телефон со паметни можности, но не очекувајте дека ќе го видите на нашиот пазар. Единствено, потврдено е дека работи со сите LTE мрежи, што значи дека ако успеете да дојдете до него, ќе можете да го користите и тука. И да бидете супер кул кога ќе кревате слушалка, секако.

Samsung-G9198-3

Извор: Android Central, The Next Web

Претходна статијаAndroid задржува повеќе корисници отколку iOS
Следна статијаFacebook ги унапредува Notes, треба да прераснат во блог платформа