samsung-metal-casing

Веќе не е нешто спектакуларно или невообичаено да има голем број на гласини и претпоставки поврзани со новите модели на мобилни, таблети, играчки конзоли, оперативни системи и слично. Дури тоа стана нормална и прилично интересна работа која ги претходи сите популарни производи.

После излегувањето на новата генерација на iPhone 5S и 5C, како и Nexus 5, сега на ред е новата генерација од најпопуларната серија од Samsung, Galaxy S5, да биде предмет на шпекулации. Тоа не значи дека до сега и немало по некоја информација, па веќе има најави дека Samsung порано од планираното ќе го претстави Galaxy S5, односно тој се очекува да биде претставен во Јануари 2014.

Она што е актуелно во последно време, а и најинтересно како информација е можноста новиот модел да биде направен од метална конструкција, наместо веќе традиционалната пластика карактеристична за мобилните од Samsung. Galaxy мобилните од Samsung се меѓу најпопуларните достапни на пазарот, па според повеќето единствена маана е користењето на пластика. Според најновите информации, Samsung веќе има склучено договори со неколку Кинески и Тајвански компании за изработка на металните конструкции.

Би било навистина добро да одличниот хардвер секогаш достапен во Galaxy моделите, Android основата заедно со Touch Wiz корисничкиот интерфејс, бидат надополнети со квалитетна изработка која што не е од пластика. Сепак овие информации не треба да се земат како сигурни, зошто повеќе пати до сега се најавува престанување на користење на пластиката од страна на Samsung, па истото се нема остварено. Како и да е, исто како и за другите уредите за кои што претходеа шпекулации, останува да чекаме, читаме и да видиме што навистина на крај ќе биде претставено.

Претходна статијаSony продаде рекордни 2,1 милион PlayStation 4 конзоли за две недели
Следна статијаНови Windows теми за почетокот на зимата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.