После објавувањето на информацијата дека од Samsung прават намалување на перформансите на апликациите, односно на можноста тие да го користат процесорот до одреден степен, Samsung изгледа конечно реши да на еден начин признае дека има проблем со чипот којшто го користи во Европа и уште неколку делови од светот.

Exynos веќе неколку години заостанува со перформансите зад Snapdragon, а работите се уште полоши кога ќе се земе во предвид дека истите телефони од компанијата работат на двата чипови, зависно од земјата каде се продаваат. Ова значи дека за едни корисници Galaxy S телефоните функционираат како што би се очекувало од класата и цената, но за други има одредени проблеми.

Проблемите во главно се послаби перформанси, полесно и поголемо загревање на телефонот, а ова може да се забележи при користење на телефонот, а едни од најголемите критики доаѓаат при сликање.

Според се’ уште непотврдени информации, Samsung планира да развие процесор којшто ќе биде специјално направен за Galaxy серијата. Со ова би требало да се тргнат проблемите и корисниците кои имаат Samsung телефон со чип од оваа компанија, да ги немаат сегашните проблеми.

Сигурно ќе се прашате од кого се развиени сегашните Exynos чипови, па од компанијата сега специјално да развиваат нов. Иако Exynos е чип развиен од Samsung, сепак овој чип не е развиен во соработка со истиот тим кој работи на развојот на телефоните, односно е развиен од посебната компанија која работи со чипови.

Се надеваме на повеќе информации во блиска иднина, а со тоа и враќање на сериозноста на Galaxy серијата од Samsung која иако продолжува да е одлична, има одредени проблеми на европскиот пазар.

Претходна статијаГрешка во кодот на Facebook овозможила прикажување на содржина која треба да биде со намален ранг
Следна статијаПСУ “Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.