Czech Battery Nanotechnology

Катастрофата со батериите на Samsung во нивниот „најдобар“ модел Galaxy Note 7, ги натера да преземат екстремни мерки, како целосно повлекување на моделот од пазарот, но според нови извори и информации и целосна промена на доставувачот на батерии. Имено, наместо нивни батерии, во идните смартфони тие најверојатно ќе користат батерии од LG.

Според извори од Chosunilbo, Samsung преговара со LG Chem за користење на нивни батерии во втората половина на наредната година. LG Chem е инаку подружница компанија на LG, токму за производство на батерии. Сето ова значи дека Galaxy S8 најверојатно нема да има батерии на LG, туку повторно ќе има батерии на Samsung. Како пак тоа ќе се пренесе во неговата безбедност за користење, останува да видиме, но лично очекувам дека Samsung веќе ја научи домашната задача и нема да си дозволи повторна катастрофа.

Исто така, договорот со LG не мора да значи дека е поради проблем со батериите на Samsung. Ние претходно објавивме дека проблемот е веројатно со тоа што батеријата нема простор околу неа, односно Note 7 е изработен со многу мали толеранции. Затоа, овој договор може да има само бизнис позадина, односно поголема е веројатноста Samsung да не може да постигне со производство на свои батерии и за тоа мора да контактира надворешни извори.

Од друга страна, ваквиот договор може да биде одлична вест за LG, кој на овој начин ќе продолжи да има длабоко присуство на смартфон сцената и покрај тоа што нивните модели оваа година не поминаа особено добро на пазарот.

Извор: Engadget, Reuters, Tech Times

Фото: Reuters

Претходна статијаБатерии со нано технологија почнаа да се произведуваат во Чешка
Следна статијаSamsung ќе произведува 100 милиони свитливи OLED дисплеи за iPhone 8