S5

Samsung веќе одреден период се соочува со критики околу тоа како ги прави нивните популарни телефони. Едни од најмногу критикуваните работи кај нивните модели е користењето на пластика, како и TouchWiz корисничкиот интерфејс кој што со секој нареден модел станува се посложен и користи се повеќе ресурси. Ова е една од причините поради кои што се повеќе корисници се одлучуваат за некои од конкурентните телефони, покрај можноста за инсталирање на поедноставна верзија од оперативниот систем преку негово рутирање.

TouchWiz е полн со апликации и функции кои што корисниците ретко ги користат. Се разбира, тој вклучува и доста корисни работи, меѓутоа овој баланс се чини дека оди повеќе кон вишокот на некорисни апликации.

Иако компанијата е број еден производител на мобилни телефони во светот, доколку не промени нешто, таа позиција лесно ќе ја изгуби, а падот на продажбата веќе одреден период е проблем за нив.

Од Samsung сигурно нема да остават овој тренд да продолжи и да ја загубат пазарната позиција, а со тоа и големите профити. Тие веќе почнаа да вклучуваат метална рамка во моделите претставени минатата година, а со нивната Galaxy A серија почнаа да претставуваат и целосно метални уреди.

Според информациите до кои што може да се дојде овој период, Samsung својот нареден главен модел, односно Galaxy S6 ќе го претстави со сите потребни промени за да тој ја врати популарноста и да не се соочи со критиките на претходниот модел (Galaxy S5).

Една од промените кои што се најавуваат е поедноставување на TouchWiz корисничкиот интерфејс. Според информациите, од него треба да бидат тргнати непотребните функции и апликации и да биде доведен до ниво на функционалност и работа како Nexus 6 уредите.

Кои се тие непотребни функции и до кој степен ќе биде поедноставен системот, останува да видиме во наредните месеци. Galaxy S6 треба да биде претставен во Март на MWC настанот, но според некои информации тој можно е да почне да се продава во Кореа уште од идниот месец.

samsunggalaxys6metalangle

Покрај поедноставувањето на TouchWiz, можно е S6-ката да дојде со целосно метално тело, а како доказ за таа можност беа претставени слики од наводно изработката на истото.

Ваквите промени дефинитивно може да ја вратат популарноста на Samsung кај корисниците кои што решија да преминат кај конкуренцијата, па останува да видиме што од информациите ќе се покаже како точно.

Извор: BusinessKorea, GSMArena, TechRadar

Претходна статијаДејвид Камерон – Мрачниот витез на Велика Британија?
Следна статијаViewsonic V55 – Еден од првите телефони кои ќе можат да се отклучуваат со скенирање на шареницата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.