samsung-35mm

Почна да се случува тоа од кое стравував откако Apple го исфрли 3,5 mm излезот за слушалки – ќе ги следат и останатите производители (Apple всушност не беше ниту прв, далеку од тоа), но нема да има стандардна порта, односно според новите извори, покрај Lightning на iPhone, USB Type-C на Moto Z, Samsung ќе воведе и своја, различна порта.

Ова значи дека кога ќе купувате слушалки, ќе мора да одберете слушалки за својот модел на телефон. Или пак секогаш да носите адаптери со вас, бидејќи слушалките нема да можат да се приклучат на секој телефон. И на крај, кога ќе сакате да го смените телефонот, ќе треба да мислите дали скапите слушалки што ги имате ќе пасуваат на тој телефон.

Овие информации би требало да се земат со задршка, бидејќи не се потврдени од Samsung, но делуваат прилично возможни. Имено, Samsung како и Apple секако дека би сакал да има поголема контрола на стандардите во својот телефон и нов стандард за слушалки секако дека би им овозможил да земат некој цент повеќе од производителите на аудио опрема, а како лиценца за нивниот приклучок. Токму ова го прави и Apple со Lightning.

Сето ова не донесува до заклучокот дека во наредниве неколку години Bluetooth ќе стане главниот стандард за слушалки. Се додека не сакате да носите најразлични кабли и адаптери наоколу, безжичните слушалки се вистинско решение, особено што се работи за уреди кои генерално имаат добро траење на батеријата, односно треба да се полнат само на неколку дена. А отсега, ќе бидат и најлесното решение, бидејќи ќе работат со сите уреди.

Извор: Pocket-Lint, What Hi-Fi, Sam Mobile

Претходна статијаДиректорот на FBI: „Покриете ја својата веб камера“
Следна статијаДостапни првите конвертирани десктоп апликации преку Windows Store