Samsung-Unveils-the-Samsung-Z1-the-First-Tizen-Powered-Smartphone-for-Indian-Consumers

Овој телефон требаше да биде барем вториот телефон од компанијата кој што работи на нивниот Tizen оперативен систем. Тој е развиван од страна на Samsung, Intel и повеќе други компании, а моментално работи на паметни часовници и телевизори.

Минатата година Samsung го претстави Z моделот кој што беше од средната класа и требаше да почне да се продава во Русија, па во остатокот од светот. Меѓутоа од кои и да е причини, продажбата никогаш не започна, па денеска претставениот Z1 е првиот телефон на Tizen кој што е пуштен во продажба.

Samsung Z1 е телефон од ниската класа и е наменет за индиските корисници. Неговата продажба во остатокот од светот не е најавена, па можно е и да остане само за тој пазар. Корисниците ќе можат да го купат за околу 90 долари, а ќе добијат и вклучен интернет сообраќај со некои од тамошните оператори.

Samsung_Z1_Dynamic_Black

Карактеристиките со кои што доаѓа Z1 вклучуваат 4 инчен WVGA PLS екран со резолуција од 800 x 480 пиксели, 1,2 GHz двојадрен процесор, 768 MB RAM меморија, како и 4GB внатрешна меморија со можност за додавање на SD картица со капацитет до 64GB. Доаѓа со задна камера со 3,1 мегапиксел и предна VGA камера. Батеријата е со капацитет од 1.500 mAh и Samsung ја претставува како доволно голема за долги разговори, филмови и слични активности.

Можеби кога се гледаат карактеристиките, навистина станува јасно зошто телефонот ќе се продава по толку ниска цена, како и категоријата во кој што е ставен. Меѓутоа од Samsung истакнуваат дека оперативниот систем доволно едноставен со што се овозможува негово брзо стартување, брза работа со апликациите, како и одлично сурфање на интернет.

Додатно Samsung Z1 доаѓа со можност за барање помош во итни ситуации преку притискање на power копчето 4 пати, по што се испраќа порака до избрани контакти и се следи локацијата на уредот. Исто така тој доаѓа со вградено анти вирус решение кое што врши скенирање на инсталираните апликации, SMS и email пораки и слично.

Извор: Samsung Tomorrow, The Verge

Претходна статијаРоботите започнаа да учат да готват преку гледање YouTube видеа
Следна статијаДејвид Камерон – Мрачниот витез на Велика Британија?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.