18

На познатиот Samsung Unpacked настан којшто денеска се одржа во Њујорк, Samsung го претстави Galaxy Note 8. Истакнувајќи го проблемот со минатогодишниот Note 7, од компанијата се заблагодарија на милионите корисници кои не се откажаа од брендот и со нетрпение го чекаа претставувањето на 8цата.

Како што веќе можевме да видиме во повеќе наврати, Galaxy Note 8 доаѓа со моментално најдобрите достапни компоненти. Тука е се разбира големиот и заоблен на страните екран, со многу мала рамка на горниот и долниот дел.

Фото: GSMArena.com

Официјално сега знаеме дека Samsung Galaxy Note 8 доаѓа со следните карактеристики:

  • 3 инчен Infinity QHD+ Super AMOLED екран со резолуција од 2960 x 1440 пиксели и 521 ppi
  • 18,5:9 сооднос на екран и димензии од 162.5mm на 74.6mm на 8.5mm
  • Exynos 8895, односно Snapdragon 835 чипсет
  • 6GB RAM меморија и 64GB меморија за податоци со можност за избор на модел со 128 и 256GB
  • Двојна задна камера со по 12 мегапиксели
  • 300 mAh батерија
  • Се разбира, S Pen

Galaxy Note 8 доаѓа со нова и интересна можност, која ја искористува големината на екранот и функцијата за користење на две апликации во исто време. Корисниците ќе можат да стават икона на главниот екран составена од две апликации, односно две апликации кои најчесто ги користат во исто време.

На овој начин тие две апликации ќе се стартуваат веднаш една до друга, па веќе ја нема потребата од посебното вклучување, па избирање на подвоениот екран.

Повеќе детали околу новиот Galaxy Note 8 ќе објавиме во текот на утрешниот ден, кога ќе излезат сите официјални информации, како и рецензии од присутните на Unpacked настанот.

Претходна статијаГледајте го претставувањето на Samsung Galaxy Note 8 во живо во 17:00 часот тука
Следна статијаMicrosoft лансира систем за супер брзо машинско учење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.