Пролетта е зад аголот, што значи дека градот е облеан во долгоочекуваното зеленило, а улиците повторно се преполни со луѓе по долгиот зимски сон. Пролетта честопати ни ја дава потребната енергија за да си ги промениме навиките. Независно дали пролетва планирате шетање, тренинзи или уживање, паметниот телефони Samsung Galaxy S21 FE 5G е одличен за сите генерации, без оглед на нивните потреби и желби.

Впечатлив дизајн и практична форма

Малкумина можат да останат рамнодушни на атрактивниот дизајн на паметниот телефон Galaxy S21 FE 5G со Contour-Cut рамка и четирите атрактивни бои, некои корисници сакаат дизајнот на нивниот паметен телефон да биде едноставно различен. Атрактивниот дизајн, кој задржува високо ниво на функционалност ја прави оваа серија паметни телефони одличен избор за сите оние кои не сакаат да прават компромиси. Кој вели дека паметниот телефон не може да биде практичен, а сепак моќен уред кој се вклопува во секој џеб?

Забава и поврзување без граници

Природата и луѓето се секогаш интересни мотиви за фотографирање, а со доаѓањето на пролетта расте и можноста да направите одлична фотографија. Главната предност на фотографирањето со смартфон е дефинитивно неговата практичност и фактот што тој е најчесто со нас, па можеме да бидеме сигурни дека нема да ни недостасува камерата кога ни е најпотребна. Забележете ги  незаборавните моменти со камерата на вашиот паметен телефон, без разлика дали шетате во парк или ручате на отворено за време на паузата од работа. Смартфонот треба да биде естетски добро дизајниран и привлечен, но и висококвалитетен и функционален. Затоа паметните телефони на Samsung S серијата се опремени со најсовремени технологии, моќни камери и големи екрани кои овозможуваат работа без грижи, непречено искуство со игри и ги прават идеални уреди за безгрижно прелистување и споделување содржини на социјалните мрежи. Инстаграм или ТикТок, не е важно, бидејќи со Samsung паметните телефони, светот на социјалните мрежи е на дофат.

Паметен часовник и телефон – совршена комбинација

Samsung направи извонредна комбинација за незаборавна пролет, со секој купен  уред Samsung Galaxy S21 FE 5G добивате паметен часовник Galaxy Watch4 во црна боја од 44mm и одеднаш, освен што имате кул моден додаток, можете во континуитет да слушате музика, тренирате, но и да ги следите вашите здравствени информации. Со голем број карактеристики на Galaxy Watch4, како што е сензорот BIA (Bioelectrical Impedance Analysis) кој го бележи крвниот притисок, нивото на кислород во крвта и отчукувањата на срцето и опцијата за следење на спиењето Sleep scores, никогаш не биле полесни за враќање на здравите навики. Промоцијата трае од 21.03.2022 година до 17.04.2022 година. За остварување на правото на подарок потребно е да се изврши регистрација на следниот линк www.samsung.com/mk  најдоцна до 15.05.2022 година. Повеќе информации можете да најдете на линкот https://www.samsung.com/mk/offer/move-and-grab-the-gift/

Претходна статијаМОДЕРНО ОНЛАЈН ШОПИНГ ИСКУСТВО – МИНИСО со нова онлајн продавница за македонските потрошувачи
Следна статијаTesla ја отвори својата гигафабрика во Германија и ги испорача првите 30 возила