Air%20Command%20menu-970-80

После многу шпекулации и протечени информации, конечно ги дочекавме новите таблет – телефони на Samsung, кои донесуваат исклучително високи спецификации и полуксузен дизајн, позајмен од новата S6-ка.

Прво, да појасниме, иако моделот со заоблен екран на страните го носи името S6 Edge+, телефонот е всушност поблизок до новиот Note 5. И двата имаат екрани со големина од 5,7 инчи и резолуција од 2560х1440 пиксели. Нормално, моделот Edge донесува закривен екран на двете страни, за разлика од Note 4 Edge, кој имаше заоблен екран само на десната страна, додека кај Note 5, закривувањето е во задниот дел, со цел полесно држење на телефонот.

note%205%20edge+-650-80

Во внатрешноста ќе бие срцето на Exynos 7420, процесорот на Samsung кој се уште е најмоќен на сите бенчмаркови. Ќе биде помогнат од 4 GB рам и во двата модели, што е повеќе од она што го нудат сите главни Android конкуренти. Ќе бидат понудени и две верзии, со капацитет од 32 и 64 GB, но за жал без слот за мемориска картичка, каков што имаа претходниците.

Намалување ќе има и кај батеријата, која сега има „само“ 3000 mAh и згора на тоа не може да се отстрани (Note 4 имаше 3220 mAh), но од Samsung велат дека и тоа ќе е доволно за долго траење на батеријата, повеќе од еден ден. Позитивна вест е дека е вградено Qualcomm 2.0 брзо полнење, кое работи и доколку телефонот се стави на безжичен полнач, што е прво вакво решение во светот.

P1011293-650-80

Камерите и кај двата модели исто така ќе бидат еднакви. Назад, вграден е истиот сензор од Galaxy S6, со 16 мегапиксели и леќа со f1.9 бленда и оптичка стабилизација, трио кое моментално води на сите тестови за квалитет на фотографиите меѓу паметните телефони. Напред, селфи камерата има 5 мегапиксели, со широка леќа со која може да се сликнат и група луѓе (тн. групли). Нормално, задната камера може да снима и Ultra HD видео, додека предната има исто така видео со висока резолуција, но само до 1440p.

И двата модели имаат скенер за отпечатоци на прсти, вграден во хардверското копче во долниот дел. Сепак, дигиталното пенкалце ќе биде достапно само со моделот Note 5, но од друга страна Edge+ моделот пак ќе има неколку софтверски подобрувања, како брз пристап до некои апликации, сместени во закривениот дел на дисплејот. Ова значи дека S6 Edge+ ќе биде повеќе насочен кон помладите купувачи и кон оние со повеќе мултимедијални побарувања, додека Note 5 ќе биде насочен кон бизнис корисниците. Секако, и двата модели ќе имаат Android 5.1, со TouchWiz подобрување од Samsung.

Keyboard%205-650-80

Покрај самите телефони, Samsung претстави и две хардверски тастатури, кои можат да се прикачат на телефонот. Се работи само за физичка тастатура, која го користи екранот на допир и не троши воопшто енергија, што е одлично решение. Надворешната тастатура со сигурност ќе привлече многу поранешни купувачи на Blackberry, но и многу зависници од четување, а ќе чини дополнителни 80 долари.

Цените на новите Samsung телефони секако ќе бидат високи, а тоа особено важи за моделот S6 Edge+, кој во САД чини 815 долари за верзијата со 32 GB капацитет, односно 100 долари повеќе за верзијата со 64 GB капацитет. Galaxy Note 5 пак чини 740 долари за верзијата со 32 GB, односно 840 долари за верзијата со 64 GB.

note%205%20rear%20(top)-650-80

Извор: Tech Radar, The Next Web, Android Central

Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 820, донесува големи подобрувања во однос на 810
Следна статијаДемонстрирана пореалистична 3Д анимација на човечки тела