Иако најавите за претставувањето на првиот смартфон на превиткување се’ уште се неофицијални, а и тие говорат дека тоа би се случило на почетокот од идната година, ние уште сега не престануваме да читаме за каков ќе биде овој уред.

Според The Wall Street Journal, Galaxy X од Samsung, како што е најчесто нарекуван досега, го има кодното име во компанијата „Winner“ и повторно се најавува негово претставување на почетокот од идната година, поточно на CES 2019 во Лас Вегас.

Исто така, овој медиум тврди дека големината на екранот на овој уред ќе изнесува 7 инчи, што значи дека кога ќе биде отворен, ќе има одлична големина и ќе може да се користи како таблет компјутер.

Ова овозможува да корисниците добијат голем екран на којшто ќе може да се гледаат видеа, да се читаат книги и слично, а притоа лесно да се превитка и да се носи во џебот во помала форма како мобилен телефон.

Покрај свитливиот екран, се најавува вградување на уште еден помал екран кој ќе биде поставен на задната страна, којшто најверојатно би се користел за прикажување на известувањата и други кратки информации. Овој екран исто така може да биде во целосна големина и да се користи кога уредот е превиткан и во режим на телефон.

Информациите исто така говорат дека од компанијата развиваат и свитливи батерии кои би се користеле во овој уред, па иако тие не се неопходни, ќе овозможат уште поголем капацитет којшто веќе се најавува на 6.000 mAh.

Според нас, овој уред ќе биде наредната револуција во мобилните телефони, по претставувањето на првиот iPhone којшто целосно го промени начинот на којшто се користат овие уреди. Сепак, има уште доста месеци, па ќе видиме дали и што ќе биде претставено идната година.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаДискавери Ви ја прикажува приказната за неверојатното спасување на тајландискиот фудбалски тим која го потресе целиот свет, во документарниот филм ,,Мисија за спасување деца во Тајланд’’
Следна статијаGalaxy S9 има поголема брзина на симнување од iPhone X, истакнува најновата реклама на Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.