Apple со претставувањето на iPhone 14 серијата, за првпат кај iPhone ја донесе и можноста корисниците да комуницираат преку сателитска врска во итни ситуации каде што нема мрежна покриеност.

Неофицијалните информации ја најавуваат оваа можност и за Galaxy S23 серијата од Samsung која треба да биде претставена за околу три месеци.

Според овие информации, Samsung има започнато соработка со американскиот сателитски оператор Iridium Communications за користење на нивните 66 сателити кои се поставени во ниската орбита околу Земјата.

Galaxy S23 на корисниците ќе им овозможи нешто повеќе функции во споредба со iPhone 14. Наместо само кратки пораки, корисниците ќе можат да испратат и слика со мала резолуција.

Samsung наводно работи на развојот на оваа технологија неколку години и дури сега е постигнат потребниот напредок за сместување на антената за комуникација со сателитите во малиот простор кај смартфоните.

Слична функција на кинеските корисници им овозможува и Huawei преку компанијата Beidou, каде корисниците можат да испратат кратки текстуални пораки.

Нема информација дали Samsung планира да ја наплаќа оваа функција или ќе ја овозможи бесплатно како Apple.

Ваквите функции во основа се корисни во поголемите земји, како САД, каде огромната територија на земјата со големи празни простори, прави да мобилните оператори не ја покриваат целата територија со сигнал. Во ситуации на итна потреба за комуникација, поврзувањето на смартфоните со сателитите е навистина корисна можност.

Во нашата мала земја, покриеноста е скоро 100% проценти, а огромен е и делот кој е покриен со брз интернет, односно со 4G/5G мрежа.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаWindows Subsystem for Linux пуштен како апликација во Microsoft Store за сите корисници
Следна статијаСервиси во САД за поднесување на даночни пријави ја користеле Facebook алатката Meta Pixel за собирање на податоци кои треба да останат приватни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.