Како што се ближи датата на преставувањето на новите Galaxy S20-ки, сигурно заинтересираните купувачи се прашуваат кога ќе можат да го купат својот. Секоја година Samsung отприлика во истото време по нивниот настан ги пушта во продажба претставените телефони, па повеќето кои следат знаат кога би можеле да го купат својот S20.

Неофицијалните најави беа дека продажбата ќе почне во првата недела од март, па сега изгледа имаме и потврда директно од Samsung. На страната од компанијата во САД каде корисниците можат да го резервираат својот уред уште од сега, за потоа да направат пред нарачка, стои дека по завршувањето на пред-нарачката, корисниците може да очекуваат достава на 6-ти март.

Оваа дата се очекува дека ќе биде датата кога телефоните ќе почнат да се продаваат официјално, а со оглед на тоа што Samsung обично продажбата ја почнува во повеќето пазари во светот, истото повторно се очекува да биде случајот и во Македонија.

За потсетување, Galaxy S20 се очекува да дојде во три варијанти, односно Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra. Третата варијанта е новата за разлика од минатите години и овој модел ќе има нешто повеќе новини од другите два.

Посебно се истакнува можноста за дигитално зумирање до 100 пати, поради што од Samsung камерата на телефонот ја нарекуваат Space Zoom.

Сите модели се очекува да имаат можност за работа на екранот со 120 херци стапка на освежување, а исто така сите ќе добијат поголеми батерии.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаПовик до дигиталните уметници: Искористете ја приликата вашата работа да биде видена ширум светот
Следна статијаDeathmatch: Киндл вс. печатени книги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.