Samsung ќе го претстави Galaxy S10 на 20 февруари на нивниот Unpacked настан, а најавите се дека ќе дојде во три посебни варијанти за кои веќе ги имаме повеќето информации.

Веќе одреден период се најавува дека Samsung нема да вклучи 5G поддршка за овие три уреди, односно дека 5G варијанта од S10 ќе има, но како посебен модел којшто ќе биде претставен нешто подоцна.

Се верува дека 5G варијантата ќе биде претставена во некоја период од оваа пролет, најверојатно во март.

Најновите информации кои доаѓаат од ETNews говорат дека името на оваа варијанта ќе биде S10 X и покрај очекуваната 5G поддршка, ќе дојде со уште неколку посебни карактеристики кои ќе го издвојат од другите три модели.

Екранот на S10 X се очекува да биде уште поголем од Plus моделот, па наводно ќе дојде со 6,7 инчи, што веќе го става во прилично голема категорија и нема баш да биде за сите корисници.

Овој уред исто така треба да дојде со 10 GB RAM меморија, како и до 1 TB простор за податоци, меѓутоа со денешната достапност и популарност на cloud сервисите, се прашувам дали на некого му е навистина потребен волку голем простор.

Батеријата кај X моделот исто така ќе биде поголема и наводно ќе има огромни 5.000 mAh. Поголемиот екран и компоненти сигурно ќе им треба повеќе енергија, меѓутоа сепак, ваква батерија сигурно ќе го намали бројот на полнења во текот на денот.

Исто така, S10 X ќе има 4, наместо 3 камери на задната страна, плус 2 камери на предната, со што вкупната бројка на камери ќе изнесува 6.

Не сме сигурни во точноста на овие информации, меѓутоа ETNews се познати по својата веродостојност, па останува да видиме што ќе биде претставено.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статија5 причини за гледање на новата мистериозна серија The Truth About the Harry Quebert Affair
Следна статијаMicrosoft работи на целосна промена во пристапот на приватноста на корисниците на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.