Компанијата Samsung „го украде шоуто“ на овогодинешниот MWC во Барселона претставувајќи го својот последен знаменосец Galaxy S9. Дополнително, тие споделија дел од нивните планови за во иднина. Меѓу останатото тие го најавија и наредното продолжение од серијата Galaxy, кој ќе го носи името X.

Претставник од компанијата зборуваше на медиумска конференција во врска со идните планови на компанијата во врска со мобилната индустрија. Одговарајќи на прашање дали ќе ја задржат S номенклатурата на нивните уреди тој рече дека се размислува истото да биде укинато.

Ваквиот чекор на компанијата е со цел да се поедностави името на уредот. Дополнително, да се држи чекор со „модата“ на именување на уреди со краток но впечатлив назив. Тие не се првата компанија која се решава на ваков чекор. Претходно, компанијата LG најави дека ќе го менува името на својот најпопуларен производ. Причините и кај нив беа идентични. Се покажува дека генеричките имиња кои ги добиваат уредите немаат комерцијален ефект да го популаризираат уредот.

Во моментов називот Х се врзува со телефонот кој се уште се развива врз концептот на мобилен уред со т.н. преклоп. Првичните најави се дека истиот ќе се појави кон крајот или дури можеби наредната година. Според кажувањата на првиот човек на мобилната дивизија на Samsung, веројатно јавноста ќе треба да почека и повеќе од предвиденото.

ИЗВОРTech Radar
ИЗВОР 2The Investor
Претходна статијаX-review, проект на магистрантот Бојан Ковачки и тимот од техничкиот универзитет во Германија
Следна статијаYouTube додаде низа функции во делот Live stream