Рекламите коишто Samsung изминатите неколку години ги прави за своите најдобри модели, како што е моментално Galaxy S9, се направени така да повеќето кои ги следат, се прашуваат што наредно ќе има во нив.

Причината за тоа е што Samsung почна да ги прави рекламите на еден повеќе може да се каже хумористичен начин, истакнувајќи ги предностите и супериорноста на нивните производи во споредба со најголемиот конкурент Apple и нивниот iPhone.

Минатата недела ја видовме рекламата во која се истакнува брзината на симнување на податоци, а сега се достапни две нови реклами, како продолжение на првата, во кои се истакнуваат брзото полнење и камерата.

Погледнете ги рекламите во продолжение.

Претходна статијаКрипто 101: Што се тоа „паметни договори“?
Следна статијаМВР и РСБСП во заедничка летна кампања – координиран пристап за намалување на бројот на сообраќајни незгоди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.