Фото: Shutterstock.com

За време на презентацијата на финансиските резултати, Qualcomm објави и предвидување за продажбата на смартфони оваа година. Според компанијата, продажбата на смартфони во првата половина од годината ќе биде послаба или како што тие го нарекуваат „проширување на слабата побарувачка кај телефоните и Интернет на нештата уредите“.

Ова предвидување секако е за телефоните и другите уреди кои работат на чиповите од компанијата, но слободно може да го опфати целиот пазар.

Според информациите, Qualcomm има забележано пад од 18% во продажбата на чипови за мобилните телефони во периодот заклучно со 25 декември минатата година. Овој период е наречен како период со најголем пад на продажба на телефони, од страна на компанијата IDC.

Зголемувањето на продажбата на смартфони се очекува да се случи во втората половина од годината, но не и порано. Поради ова и самите производители се очекува дека ќе произведат и чуваат на залиха помала количина од своите производи, а меѓу другото и со цел да не дојде до пад на цените.

Ваквото предвидување на Qualcomm не е тешко да се смета како доста точно. Светот се соочува со една од поголемите економски кризи поради корона пандемијата прво, па од минатата година војната во Украина. Тоа што постепено започна со короната, од минатата година прерасна во една од поголеми инфлации изминатите години.

Луѓето во ваква ситуација не се во ситуација да можат да ги трошат своите пари на луксуз, а посебно тие кои имаат не баш стари смартфони. Просекот на замена на телефоните е на околу две години, па очекувано е тој да остане, па дури и малку да се зголеми.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПоврзани со светот: Згаснуваат старите технологии, збогум 3G
Следна статијаGoogle ќе одржи настан во Париз на 8 февруари на кој ќе презентира новости поврзани со Search, Maps и повеќе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.