Ќерка на инженер вработен во Apple, веројатно без да претпостави кои би биле последиците по нејзиниот татко, има снимено видео од новиот iPhone X и тоа во кампусот на Apple, каде може да се видат сите негови поважни новитети и карактеристики.

Девојката која го протече видеото се вика Брук Амелија Андерсон и таа тоа го направи на својот YouTube профил. На интервенција на Apple, видеото е веќе повлечено, но за наша среќа, заедницата на Reddit веќе направи копија, која може да се види на овој линк.

На видеото може да се види како функционира корисничкиот интерфејс, со лизгање и гестикулации од прстите, како и “animoji” емотикотните, кои ги следат гестикулациите на лицето на сопственикот откако ќе бидат пратени во iMessage.

Интересно, смартфонот на видеото изгледа прилично дебел, иако е само минимално подебел од iPhone 8. За ова веројатно е крив дизајнот со мала рамка на дисплејот, но како и да е, нема да можеме да бидеме сигурни пред да го видиме во живо или пак дознаеме од некој доверлив извор.

Девојката на видеото нормално ги фали сите други карактеристики, како на пример големиот дисплеј (и не е преголем во ова доба) и одличната камера, што беше и очекувано. Сега, останува само да ги видиме и првите рецензии и дали реномираните новинари ќе ја оправдаат цената од над 1.000 евра за основниот модел со 64 GB простор.

Продажбата на iPhone X ќе почне на 3 ноември оваа година во САД, а набрзо после тоа може да ги очекуваме и првите примероци кај нас.

Извор: TechnoBuffalo, 9 to 5 Mac, BGR

Претходна статијаСамсунг го претстави новиот Галакси Таб А – 8 инчен таблет дизајниран за секојдневните потреби на целото семејство
Следна статијаПрви информации за Galaxy S9 – што ќе ни донесе новиот знаменосец на Samsung?