S5_Panim_1920

Со оглед на тоа што Galaxy S5 беше претставен на почетокот од оваа година, а производителите претставуваат нови модели на 6 месеци до 1 година, не е воопшто чудно да се очекува да почнат шпекулациите за наредниот Galaxy S модел. После летото можевме исто така да видиме претставување на неколку Galaxy модели, како Galaxy Note 4 и новата Galaxy A серија.

Информациите кои што се достапни за можните карактеристики на новиот S6 модел доаѓаат од порталот SamMobile и како што и тие самите нагласуваат, не треба да се сметаат како сигурни. Сепак ова се првите информации кои што ќе почнат повеќе да се појавуваат со развојот на телефонот и приближувањето на датата на претставување.

Според тоа што изворите на овој портал имаат откриено, Samsung развојот на новиот модел го нарекува Project Zero, што треба да асоцира на почнување на процесот на развивање одново. Тоа е поради падот на продажбите на телефоните од оваа компанија, која што сепак успева да го задржи првото место во светот. Она што за почеток почнаа да го прават од Samsung е додавање на метална рамка околу новите уреди, нешто што е помеѓу поголемите критики поради евтиниот изглед на S3 и S4 моделите.

Карактеристиките кои што се верува дека ќе бидат дел од S6 го вклучуваат новиот Snapdragon 810 процесор кој што ќе биде 64 битен, нешто за што Android оперативниот систем доби поддршка со најновата 5.0 Lollipop верзија. Како и обично, се очекува да има и втора верзија која што би работела на исто така 64 битниот осум јадрен Exynos 7420 процесор. S6 се очекува дека ќе вклучува и 3GB RAM меморија, како и избор од 32, 64 и 128GB внатрешна меморија за складирање.

Екранот треба да биде со поголема резолуција, како на пример Quad HD 2560×1440 пиксели. Информација за големината на екранот нема, но се очекува да ја задржи досегашната, а за тие што сакаат поголеми екрани, тука е Note серијата. Камерата која што се очекува да биде на S6 моделот треба да биде таа што се користи во Note 4 моделот и да вклучува од 16 до 20 мегапиксели. Исто така се очекува зголемување на предната камера која што би вклучувала сензор со 5 мегапиксели.

Извор: SamMobile, Cnet

Претходна статијаGoogle Play Movies сервисот достапен за корисниците во Македонија
Следна статијаVisit Skopje достапна и за Windows 8 и Android корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.