10929249_10152748564038772_3250997878500498198_n

На Windows 10 настанот, Microsoft ни покажа како ќе изгледа новиот оперативен систем на мобилните уреди. Промените можеби на прв поглед на изгледаат големи, но треба да се очекува дека на MWC во Барселона, ќе се посвети поголемо внимание на оваа страна на Windows 10 и дека тогаш ќе ги дознаеме сите детали. Она што е најинтересно е што мобилната верзија ќе ги користи сите основни апликации како на десктоп верзијата и ќе биде целосно поврзана преку cloud.

Од тоа што го видовме на настанот, почетниот екран повторно ќе биде окупиран со транспарентни живи плочки, но наместо само низ нив, позадината ќе се протега низ целиот екран. Сите апликации повторно ќе бидат десно, на еден “swype”, а новина ќе биде што најгоре ќе се прикажуваат најкористените, односно, најново инсталираните апликации. На презентацијата, колку што може да се забележи од видеото, анимациите се исти како кај Windows Phone 8.1 и токму тие се делот кој може да биде променет во наредните неколку месеци до лансирањето.

Во делот за Action центарот, може да се избришат поединечни нотификации од некоја апликација. Притоа, истите ќе бидат избришани и од Windows 10 на вашиот компјутер. Исто така, сега на секоја нотификација може да се одговори директно, како што тоа е веќе случај со Android и iOS.

windows 10 mobile (5)

Од вградените апликации, промени добија апликацијата за мејл, Outlook, која има многу, многу повеќе опции и вграден систем за форматирање од Office. Потоа, токму нов Microsoft Office, кој има драматично подобрен дизајн и можности, кои ќе бидат исти со оние на Office за десктоп верзијата. Исто така достапна е и нова Photos апликација, која автоматски ги подобрува сликите, односно ги сортира според тоа каде се сликани и кога се сликани, во посебни албуми. Сите апликации ќе го имаат истиот дизајн како на истоимените за десктоп и лаптоп верзиите на Windows 10, нормално, скалирани за помал уред.

Од другите новитети, тастатурата конечно ќе може да се премести, односно да и се смени големината, што многу ќе го олесни користењето со една рака на уредите со поголеми екрани, а ќе има и вграден џојстик со кој полесно ќе се движи курсорот низ текстот и да се селектира некој збор или дел од него. И конечно, Skype ќе биде целосно интегриран во оперативниот систем и ќе може да се користи преку апликацијата за пораки, односно за повици, слично како iMessage кај iPhone (кој ги нема повиците).

windows 10 mobile (4)

На крај, исто како и десктоп верзиите, и Windows 10 за мобилните уреди ќе го добие целосно новиот Spartan пребарувач, кој ќе има целосно нов “engine” за пребарување и целосно нов дизајн, со поле за впишување адреси поставено во горниот, наместо во долниот дел на актуелниот Internet Explorer.

Ова се само неколку од промените кои ќе ги донесе Windows 10 за мобилните уреди, а повеќе детали се очекува да дознаеме на крајот од Февруари, кога Microsoft ќе има посебен настан за претставување на софтверот, како и неколку нови смартфони од новата генерација.

Според информациите за апдејтирање на софтверот на постарите телефони, Microsoft се обврза да го донесе на сите Windows 8 и 8.1 уреди, но, како и секогаш, тука последниот збор ќе го имаат операторите. За оние на кои не им се чека, тука е Windows Insider програмот, кој ќе овозможи апдејтување на поновиот софтвер, без да се чека официјалниот апдејт од операторот.

Извор: The Verge, Windows Central

Претходна статијаEl Collagero – Трансформирајте ги вашите фотографии во прекрасен колаж
Следна статијаInMind – виртуелно опкружување за Oculus Rift го прикажува работењето и изгледот на мозокот