ipad-air-3-leak-engadget

Apple на почетокот од пролетта треба да ја претстави новата генерација на најпопуларниот таблет во светот (заедно со 4 инчниот iPhone 5SE), која ќе донесе неколку подобрувања, превземени од огромниот iPad Pro.

Ако може да им веруваме на овие информации, новиот iPad Air ќе има четири звучници на сите агли од таблетот. Доколку се со истиот квалитет како оние на Pro моделот, корисниците може да очекуваат прилично квалитетен и гласен звук, што е голем напредок во однос на релативно тивките звучници на таблетот од актуелната генерација.

Покрај тоа, новиот iPad Air 3 ќе има и Smart Connector, што значи дека Apple и за него ќе има спремно тастатура на склопување, која би требало да го доближи овој таблет до професионалците, односно сите оние кои сакаат да креираат преку својот уред, а не да им служи само за забава.

Промени веројатно ќе има и во резолуцијата на дисплејот, која сега би можела да биде иста како кај Pro моделот (има и најави за 4K, но тоа е тешко веројатно), а ќе има и поддршка за Apple Pencil дигиталното пенкалце, кое како и кај поголемиот модел, ќе се нуди како дополнителна опција. За прв пат од лансирањето, задната камера во Air 3-ката веројатно ќе има и блиц.

Димензиите веројатно ќе бидат за влакно зголемени – дебелината ќе изнесува 6,15 милиметри, што е за 0,05 милиметри повеќе во однос на актуелниот модел, додека ширината ќе изнесува169,6 милиметри – +0,1 милиметар. Ова ќе биде сигурно незабележливо за корисниците и iPad и натаму ќе биде еден од најтенките и најлесни таблети.

Извор: TechnoBuffalo, AppleInsider, Engadget

Претходна статијаСо Microsoft HoloLens може да гледате 3D фудбал на вашата маса
Следна статијаLG G5 ќе биде претставен на 21-ви февруари на MWC во Барселона