Galaxy S24 серијата ја очекуваме на почетокот од идната година, поточно во јануари или февруари. Време е затоа да почнат шпекулациите и неофицијалните информации, па еве сега ги имаме и едни од првите слики, поточно генерирани слики од непретставените уреди.

Сликите кои се објавени веќе стандардно доаѓаат од Smartpix, во соработка со OnLeaks. Од тоа што може да се види се работи за слики од основниот модел, а тој иако се најавува дека ќе изгледа исто со сегашните, сепак има една не толку мала новина.

Доколку се покажат точни оваа година гласините, не е првпат вакво нешто да се најавува, Galaxy S24 серијата ќе добие порамни страни кои досега во главно како стил ги користи Apple.

Според мене ова е нешто што ќе направи Galaxy S24 серијата да изгледа подобро и поквалитетно, па се надевам дека овој пат оваа информација ќе се оставари.

Што се однесува до изгледот на остатокот од телефонот, тој не е нешто променет, па повторно ги имаме трите камери поставени во линија, кои од сите досегашни дизајни, може да се каже дека е најдобар.

Со оглед на тоа дека има време до официјалното претставување на уредите, дури и да се точни овие слики, Samsung може да направи одредени промени.

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаMicrosoft наводно се обиделе да го продадат Bing на Apple во 2020
Следна статијаApple ги објасни проблемите со прегревање на iPhone 15 серијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.