gsmarena_002

Тајванскиот производител годинава повторно лансираше одличен смартфон од високата класа, но во наредниве неколку месеци ќе ја освежи и средната класа, почнувајќи со моделот Desire 830.

Според протечените фотографии, како и сите Desire модели и овој ќе биде изработен од пластика – во понискиот ценовен ранг нема место за алуминиум. Сепак, дизајнот како и досега ќе биде освежен со различни бои на рамката, што би требало да им се допадне на помладите купувачи.

gsmarena_003

Дисплејот ќе има големина од 5,46 инчи и Full HD резолуција, што е солидно со оглед на тоа во која класа се наоѓа смартфонот и веројатно доволно за корисникот да не може да ги забележи пикселите – всушност многу кинески модели од високата класа сѐ уште имаат дисплеи со оваа резолуција.

Во внатрешноста ќе се вградува солидниот MediaTek чип, поточно MT6753 кој има осум Cortex-A53 јадра на 1,3 GHz, помогнат од одлични 3 GB рам меморија и 32 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Информации околу камерите сѐ уште нема, но очекувајте задна камера со минимум 13 мегапиксели и предна со 5 мегапиксели.

Нормално, за цената на Desire 830 сѐ уште нема информации, но според тоа како беа позиционирани претходниците досега, би требало да очекуваме да биде пониска од 300 евра за отклучен модел надвор од договор.

Извор: GSM Arena, Pocketnow, Phone Arena

Претходна статијаiPhone 7 ќе биде водоотпорен?
Следна статијаАпликациите на iOS заработуваат двојно повеќе од оние на Android