motorola_moto_4g_plus_white_evleaks

Смартфонот кој буквално ги лансираше уредите од средната класа во мејнстримот, Moto G, наскоро ќе ја добие својата нова генерација, која според она што го гледаме на фотографиите, потврдени од „твитерџијата кој никогаш не греши“ Evan Blass, ќе има сличен дизајн на актуелниот модел, со веројатно малку потенко тело и читач за отпечатоци прстите во предниот дел, кој веќе стана морален во скоро сите нови Android уреди.

Според изворите, Lenovo, кој ја поседува Motorola, ќе лансира две верзии од уредот – една со помал дисплеј и Plus изведба со поголем дисплеј. Всушност како и скоро сите останати конкуренти во моментов. На видеото, каде се споредува со Moto X, веројатно го гледаме поголемиот Plus модел, кој по слободна проценка би имал околу 5,5 инчи, за разлика од помалиот кој би имал 5 инчи.

Други информации за овој модел нема, но тоа не значи дека не можеме да претпоставиме. На пример, Lenovo скоро сигурно ќе се одлучи на процесор од Snapdragon 600 серијата, иако актуелниот модел има послаб процесор од серијата 400. Исто, треба да очекуваме минимум 2 GB рам меморија, како и подобрување на просечната камера од 13 мегапиксели на актуелниот модел.

Moto G ќе се натпреварува директно со кинеските конкуренти, кои во ценовниот ранг од 200 до 300 долари буквално го преплавија пазарот, нудејќи одлични перформанси и солидна изработка.

Извор: Techno Buffalo, The Verge, NDTV

Претходна статијаLeEco претстави три супер евтини Android смартфони од кои едниот има 6 GB рам
Следна статијаLian Li лансира моторизирана маса која е воедно и куќиште за компјутер