Еден од најппопуларните производители кај смартфон ентузијастите, OnePlus, наскоро треба да лансира подобрена верзија на нивниот знаменосец OnePlus 5, која ќе ги следи трендовите кои ги поставија Samsung и LG и ќе има издолжен дисплеј со 18:9 сооднос на страните, резолуција од 2160х1080 пиксели и помала рамка во долниот и горниот дел, со идеја намалени целосни димензии на телефоно и секако, помодерен дизајн.

Како и што е обичај, првата фотографија ни ја покажува Evan Blass на твитер, која не е целосна од телефонот, но е доволна за да имаме идеја за тоа како ќе изгледа овој модел. На неа може да се забележи помалата рамка во горниот дел, како и заоблените агли на дислејот, нешто што е обичај кај скоро сите конкуренти, во помала или поголема мера. Исто така, самиот телефон има прилично заоблени агли, кои делуваат како да се удобни за држење во раката.

Ова не значи дека немаме уште прашања за OnePlus 5T. Ќе биде интересно да се види каде кинеските инженери се одлучиле да го сместат сензорот за отпечатоци, односно дали тој и натаму ќе биде во предно “Home” хардверско копче или пак ќе биде вграден на задниот дел од телефонот како скоро сите други Android конкуренти со издолжен дисплеј. Моја претпоставка е дека ќе биде вграден позади.

Останатите спецификации, како камерата и внатрешните компоненти се очекува да бидат исти како кај OnePlus 5, што и не е лоша вест, бидејќи тој смартфон е сѐ уште конкурентен на другите модели во високата класа.

Не помалку важно, OnePlus 5T очекувајте да има и многу конкурентна цена, сигурно доволно пониска од таа на конкуренцијата, која почнува од 800 евра нагоре.

Извор: 9 to 5 Google, Engadget, Firstpost

Претходна статијаAMD ги претстави првите Ryzen чипови за лаптопи, ветува подобри перформанси од Intel
Следна статијаМеѓународниот натпревар за стартапи „Get In The Ring“ по трет пат во Скопје