shutterstock_229183180

Годинава, продажбата на смартфони за прв пат доживеа само едноцифрен раст на продажбата (во проценти), што е најава дека во скоро време истата би можела и да почне да опаѓа, на сметка на други паметни уреди.

Според аналитичарите од Гартнер, во 2016 пазарот на паметни телефони ќе порасне за 7%, што е најмал раст во последниве 10-тина години и двојно помалку од растот од 14,4% минатата година. Иако смартфоните се уште растат на пазарот, ова е најава дека наредниве неколку години би можеле да очекуваме и опаѓање на продажбата.

Има многу фактори за опаѓањето на пазарот на паметни телефони. Најголема причина е секако побавниот напредок кај самите телефони – денес може целосно да бидете задоволни и со премиум уред од пред 2-3 години, бидејќи новите не нудат некои особено добри причини за надградба.

Исто така, недостатокот на иновации во смартфон индустријата не ги привлекува купувачите да се одлучат на нов телефон, а кинескиот пазар, каде имаше најголем раст минативе неколку години, веќе стигна до голем број на корисници на паметни телефони и отсега купувањето паметни телефони кај нив ќе биде многу побавно, па растот ќе биде минимален.

Засега, компаниите гледаат спас во Индија, која по жители е втората најголема земја во светот и каде 61% од населението се уште користи обични паметни телефони. Годинава се очекува во таа земја да бидат продадени 139 милиони паметни телефони, што е раст од 29,5% во однос на минатата година. Паметните телефони продадени во оваа земја сепак имаат просечна цена под 120 долари, што значи дека премиум производителите и немаат некој голем профит.

Извор: TechCrunch, Economic Times, Gartner

Претходна статијаZTE Nubia Z11 Max е алуминиумски 6 инчен телефон од средно-високата класа
Следна статијаLenovo Phab2 Pro е првиот смартфон со Project Tango за „проширена реалност“