67aba7429dc5469b9d4b7b180538986b

Huawei оваа недела во рамките на Beijing International Art Academy конференцијата ја претстави новата генерација од минатогодишниот M1 таблет компјутер, соодветно наречен M2.

M2 е таблет од високата класа и соодветно на тоа доаѓа со одлични карактеристики, од процесорот, квалитетот на изработка, па се до звучниците вградени во него.

Таблетот доаѓа со целосно метално тело, односно 99,5 од телото е изработено од метал. Големината на екранот е 8 инчи и е направен во IPS технологија со Full HD резолуција, односно 1920 на 1200 пиксели. Дебелината на уредот изнесува 7,8 милиметри, што го прави навистина интересен за користење, а заедно со металното тело, може да се каже дека ќе конкурира добро со таквите како iPad.

Huawei M2 работи на Kirin 930 чипсетот од компанијата кој што вклучува осум Cortex A53e јадра, како и 3 GB RAM меморија, што иако е одлично, мобилните од оваа година веќе почнуваат да ја поминуваат и оваа граница.

Како простор за складирање се нуди избор од два модели, односно 16 и 64 GB, а со тоа е различна и цената која што изнесува 232 евра за помалиот и 334 евра за поголемиот модел.

M2 исто така вклучува и две камери кои што имаат 8 мегапикселен сензор на задната и 5 мегапикселен на предната камера. Батеријата е со капацитет од 4.800 mAh.

Она по што се истакнува M2-ката се звучниците вградени во него кои што треба да овозможат нешто подобро искуство при слушање на музика. Се работи за двојни 1W звучници помогнати од Harmon Kardon Clari-Fi системот за звук, а исто така се најавува и поголема звучна кутија која што треба да овозможи посилен и поквалитетен звук.

Извор: GSMArena, GizmoChina

Претходна статијаHTC претстави четири нови телефони од пониската класа
Следна статијаFlash Player повторно „безбеден“ за користење, Adobe ги закрпи двата пропусти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.