Samsung ја претстави Galaxy S23 серијата минатата недела и со тоа стави крај на исчекувањата кои ги имавме, иако повеќето од информациите веќе ги имавме поради неофицијалните објави. Новата серија доаѓа со делумно освежен изглед, Snapdragon 8 Gen 2 за сите корисници во светот, а како и секогаш, Ultra моделот донесува нешто екстра за корисниците кои го сакаат најдоброто.

Оваа година, покрај стандардните подобрувања, како и подобрувањата кои доаѓаат од подобриот чип, Galaxy S23 Ultra доаѓа со камера која има 200 мегапиксели. Корисниците ќе можат да сликаат слики со доста големи детали, иако ситуациите за тоа не се толку чести.

Познатиот режисер, Ридли Скот, сними карток филм наречен „Behold“ кој е целосно снимен користејќи го Galaxy S23 Ultra. Знаејќи го напредокот на технологијата, како и одличните камери по кои е карактеристичен Samsung, не треба да не изненади квалитетот на филмот.

Филмот е со траење од скоро 4 минути и можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаSamsung Galaxy S23 Ultra – перформанси кои нема да ве остават рамнодушни
Следна статијаДоаѓањето на најсјајната ѕвезда од Galaxy серијата одбележано со спектакуларен настан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.