Фото: Shutterstock.com

Планот на Apple, кој уште е неофицијален, да идната година го премести Face ID сензорот под екранот, според информациите од The Elec, останува и нема некои проблеми поради кои би бил одложен.

Планот првично го објави Рос Јанг минатата година, а тој досега барем точно се остварува. Според овој план, iPhone 14 Pro требаше да има два исечоци, односно едниот за Face ID во форма на „апче“ и уште еден за камерата, во форма на мала „дупка“. Ова така и се оствари, само што не беше познато тогаш дека овие два исечоци ќе бидат споени софтверски во сега познатиот Dynamic Island.

За оваа година треба да се очекува сите модели да го имаат Dynamic Island исечокот, односно да остане кај Pro моделите, а да биде додаден кај „обичните“ модели, а според планот со вакво темпо ќе продолжат и промените во наредните години.

Идната година, односно iPhone 16 Pro треба да го има првиот Face ID систем под екранот, што значи на екранот ќе остане само малата дупка од камерата, па конечно и Apple ќе се приклучи на трендот кој веќе со години е кај Android конкурентите.

Како што се очекува за оваа година, во 2025 сите модели треба да го имаат овој стил, па во 2026 iPhone 18 Pro да дојде без никаква видна камера или сензор на предната страна, односно технологијата доволно да напредне и телефоните да немаат ништо на предната страна, освен екран.

Почнувајќи од 2027, сите iPhone модели ќе доаѓаат само со екранот на предната страна, односно без видливи други работи.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаSamsung ги регистрира „Galaxy Glasses“ и „Galaxy Ring“ уредите во САД
Следна статијаМакедонски Телеком забрзано ја шири оптичката мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.