Фото: Shutterstock.com

Минатата година Apple конечно воведе една функција која Android корисниците ја имаат со години. Истата наводно зависела од користење на LPTO екран кај iPhone, кој овозможува прилагодлива стапка на освежување од 1 до 120 херци.

Се работи за „always-on“ екранот, кој како што сигурно ви е познато, продолжува да прикажува одредени информации по заклучувањето и исклучувањето на екранот.

Оваа нова функција беше достапна само кај Pro моделите, па iPhone 14 основните модели не ја добија, а исто така не ја добија воопшто ни стандардната стапка на освежување од 120 херци, кај Apple наречена ProMotion екран.

Според информациите, ниту оваа година iPhone 15 основните модели нема да ги добијат овие функции, а причината за тоа е што тие нема да го добијат LPTO екранот кој го користат Pro моделите.

Дел од информациите како причина за ова ја истакнуваат неможноста на кинеската компанија BOE да го постигне бараното производство на тие панели, а оваа компанија ќе ги снабдува Apple за основните iPhone 15 модели.

Добрата вест е што овие нови телефони барем ќе дојдат со нова генерација на чип за екранот, со што може да се очекува помала потрошувачка на батеријата.

Apple како и да е продолжува да ги насочува корисниците на кои ваквите функции им прават доволно разлика, да ги купуваат поскапите Pro модели.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаМакедонски Телеком забрзано ја шири оптичката мрежа
Следна статијаNothing Phone (2) ќе го користи Snapdragon 8+ Gen 1 чипот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.