Oppo, кинеската компанија која е позната по претставување на интересни телефони, а технологијата за нив ја најавува пред да ја вгради во официјален уред, најави нов екран којшто дополнително ќе ги намали рамките од страната кај телефоните.

Екранот го нарекуваат „waterfall screen“, а кога првпат ја видов сликата од него, се потсетив на Edge верзиите од телефоните на Samsung.

Тоа што го прави waterfall screen е зголемување на заобленоста на екранот од страните до 88 степени на заобленост, со што кога се гледа уредот од напред, воопшто не може да се забележи некаква рамка.

Ова не е случајот со помалку заоблените екрани, но искуството покажа дека тоа е доволно и дека корисниците не видоа голема корист од повеќе заоблен екран. Јас исто така не се решив за купување на таков уред додека заобленоста Samsung не ја доведе на доволно мало ниво.

Сепак, од Oppo сметаат дека имаат подобро решение кое оваа заобленост ќе може подобро да ја искористи. Дали тоа ќе биде случајот сега за сега нема информации затоа што од компанијата и не ги дадоа. Ќе треба да почекаме додека претстават уред со ваков екран.

Главната грижа за овој екран е можноста за случајно притискање на нешто на него додека уредот нормално се држи, а тука е и немањето на простор каде да се постават копчиња од страните.

Како и да е, Oppo се познати по вакви експерименти, па може слободно да се каже дека кога нешто ќе „погодат“ како што треба, добиваме сите затоа што тоа после може да биде искористено од страна на поголемите производители.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФранција најавува план за вооружување на своите сателити по најавата за формирање на вселенска команда
Следна статијаHUAWEI Mate 20 X (5G) е првиот мобилен телефон во светот кој доби 5G сертификат од Глобалниот сертификациски форум (GCF)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.