OnePlus веќе неколку модели може да се каже дека веќе не продава баш поевтини телефони од конкуренцијата, иако тие остануваат едни од најпознатите и одлични телефони на пазарот. Сепак, продажната стратегија и недостапноста преку мобилните оператори или официјални канали, прави да ретки се корисниците на овој бренд.

Последните телефони од компанијата се продаваат со цена од 900 долари, па иако OnePlus 8 и 8 Pro се одлични уреди, сепак фановите на брендот веќе почнуваат да реагираат, барем ако се земат како точни пишувањата по странските портали.

Директорот на OnePlus и еден од основачите на компанијата, Пит Лау, веќе излезе со најава дека од компанијата спремаат нешто ново, односно нов почеток. Поради неофицијалните информации веќе се „знаеше“ дека се работи за уред од средната класа, односно поевтин уред од последно претставените.

Сега другиот основач на OnePlus, Карл Пеи, во интервју за TechRadar, даде неколку информации околу телефонот, па веќе може да се каже дека знаеме што може да се очекува.

Поевтиниот OnePlus, односно уредот од средната или средно високата класа од компанијата, ќе се вика OnePlus Nord и ќе се продава по цена од 500 евра. Ова е веќе доста прифатлива цена за уред кој сепак ќе има карактеристики доволно добри за да се стави скоро во високата класа.

Според најавата, OnePlus Nord ќе работи на Snapdragon 765G, чипсет од средно високата класа со вградена поддршка за 5G мрежите, нешто што телефоните од оваа година ретко не го вклучуваат во своите карактеристики.

Една работа која се издвојува во најавата е дека Nord ќе дојде со камери од високата класа, односно тие ќе бидат главната карактеристика. Пеи истакнува дека камерата е една од најважните и најкористените компоненти кај мобилните телефони, па корисниците ќе бидат задоволни од тие кај OnePlus Nord.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаАмериканската FCC повторно ги означи Huawei и ZTE како опасност по националната безбедност
Следна статијаSamsung го претставува најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.