За време на MWC 2023 саемот за технологија, кој традиционално се одржува секоја година во Барселона, OnePlus настапија со својот OnePlus 11 Concept. Се работи за систем за ладење на телефоните кој треба да овозможи подобри перформанси, како кај игрите, така и кај полнењето на батеријата.

За време на панел дискусија во рамките на MWC 2023, главниот оперативен директор на OnePlus, Киндер Лиу, потврди дека од компанијата работат на развој на смартфон на преклоп и истиот може да се очекува подоцна оваа година.

Повеќе информации за уредот не беа дадени, па дури не знаеме дали ќе биде претставен еден уред, во стилот на Galaxy Z Fold или ќе има уште еден уред, во стилот на Galaxy Z Flip, како што неодамна можевме да прочитаме.

Тоа што беше најавено од страна на Лиу е дека првиот смартфон на преклоп од OnePlus ќе биде „мазен“ и брз, а може да се очекува дизајн, технологија и други аспекти од уредот, кои ќе бидат од највисоката класа.

„Нашиот прв телефон на преклоп ќе го има карактеристичното за OnePlus брзо и непречено искуство. Тој мора да биде предводник на телефон кој „не се помирува“ поради неговата форма на преклопување, во смисла на индустриски дизајн, механичка технологија и други аспекти. Сакаме да лансираме уред кој има за цел да биде на врвот на искуствата на денешниот пазар на преклопување“. – истакна Лиу.ф

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2XDA-Developers
Претходна статијаPhone Link апликацијата во Windows 11 добива поддршка за поврзување со iPhone
Следна статијаНајновата верзија од PowerToys донесува две нови алатки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.