Apple размислуваат да додадат уште еден телефон во серијата, која сега е намалена повторно на четири поради откажувањето на „мини“ моделот. Во овој случај, дополнителниот телефон би бил уште поскап од останатите, дури и од Pro моделите и не би го заменил iPhone 15 Pro Max како што првично се најавуваше.

Според Марк Гурман, телефонот ќе биде целосно нов модел и може да се очекува идната година како iPhone 16 Ultra. Кратко кажано, „знаци“ дека вакво нешто се размислува во компанијата доаѓаат од коментарот на директорот Тум Кук дека корисниците се спремни да платат уште повеќе за да го добијат најдоброто.

Овој телефон, за кого уште не се знае дали е одлучено да биде претставен, треба да има уште подобри камери, побрз процесор, а можно е да има и поголем екран од другите.

Дизајнерот Џонас Денерт, инспириран од овие „муабети“, се реши да направи концепт за тоа како би можел да изгледа еден ваков модел од Apple. Тој истакнува дека концептот не е направен врз основа не некакви неофицијални информации, туку е целосно негова замисла и идеја.

Како што се гледа од сликите, Денерт го замислува iPhone Ultra како телефон кој е направен во стилот на Apple Watch Ultra. Страните се заоблени, екранот рамен, а сите копчиња и генерално изработката покрупни и оставаат впечаток дека ништо не може да ги оштети. Тој дури го додава и посебното копче од Watch Ultra кое може да се намести да прави некоја брза активност.

Иако не знаеме дали Apple ќе претстави ваков модел, овој дизајн дефинитивно изгледа одлично. Се верува дека нешто во овој правец ќе изгледаат и новите iPhone 15, за кои се најавува заоблување на страните, после неколку години на карактеристични рамни страни кај iPhone.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаДоаѓањето на најсјајната ѕвезда од Galaxy серијата одбележано со спектакуларен настан
Следна статијаМакедонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.