Едни од најпознатите телефони на Samsung, а кои не се од највисоката класа, оваа недела се очекува дека ќе ги добијат своите нови верзии за годината. До крајот на неделата треба да ги видиме Galaxy A54 и Galaxy A34, но како и секогаш, некој го расипува изненадувањето со објава на видео каде целосно се прикажани уредите.

Видеото доаѓа од виетнамскиот YouTube канал „TD REVIEW“ и на него може да се види прво отпакувањето на уредите, по што следи и кратка презентација.

Тоа што може да се види е потврда на гласините дека оваа категорија на телефони од Samsung ќе го следи дизајн стилот на Galaxy S23 серијата. Задната страна е скоро иста како кај највисоката класа, па достапни се камерите без посебен модул под нив.

Двата телефони се разликуваат на предната страна кај „селфи“ камерата, односно кај Galaxy A54 истата е во форма на мала дупка, додека кај Galaxy A34 е споена со горниот дел.

Дополнително, од видеото може да се види дека телефоните ќе бидат достапни во нови, светли и интересни бои кои дефинитивно ќе ги издвојат уредите и ќе ги привлечат корисниците.

Видеото е во продолжение, а се што останува е за неколку денови да ја видиме и официјалната нивна презентација.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаAimi е апликација која генерира музика со помош на вештачка интелигенција
Следна статијаSamsung го продолжува инвестирањето во нивната дивизија за чипови со нов член поранешен вработен во TSMC
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.