Откако со moto g серијата воведовме нови правила на пазарот на смартфони во 2013 год., се повеќе корисници бараат премиум квалитет по достапна цена. Со секоја следна генерација на moto g, ние остануваме посветени на основните работи – да нудиме телефони со премиум карактеристиките кои ги заслужувате, без да ги жртвуваме квалитетот, сигурноста и цената коишто ги очекувате.

Како што не постојат двајца исти потрошувачи, така и барањата од смартфоните се многу различни. Новото moto g7 семејство ги вклучува најбараните и најценети функции за нашиот најважен клиент – за ВАС.

Токму тоа е причината, Motorola да понуди четири нови модели од нејзиниот најпродаван смартфон до моментот – со уште подобри камери, издржливост на батеријата, процесорска моќ и максимално големи екрани.

moto g7 plus: Слики и видео со непобедлив квалитет

Создаден за да го следи вашиот интензивен ритам на живот и да ви овозможи со него да ги направите вашите најдобри фотографии досега, новиот moto g7 plus ви овозможува водечка за неговата класа технологија на камерата и моќни перформанси. Лесното треперење на раката и недостигот на светлина не се проблем за двојната 16 MP камера со оптичка стабилизација на сликата. Освен тоа, со новиот софтвер и вештачка интелигенција (AI) ќе правите слики како професионалец, благодарение на неверојатните функции како интелигентна композиција и автоматско препознавање на насмеани лица. Повеќе нема да се грижите дека можеби ќе пропуштите одлична фотографија, бидејќи ќе имате батерија која трае цел ден и 27W TurboPower полнење кое ви дава енергија за 12 часа со само 15 минути во штекерот.1  Комбинацијата со Snapdragon™ 636 мобилната платформа го прави moto g7 plus најбрзиот смартфон во целата g серија досега. Новиот 6.2″ Max Vision екран со U дизајн обезбедува фасцинантно визуелно доживување со Full HD+ резолуција, дополнето со звучници со кристално јасен Dolby AudioTM звук.

moto g7: Видете. Уловете. Дејствувајте.

Снимањето, креирањето и споделувањето на креативни содржини никогаш не било полесно, благодарение на новиот moto g7. Видео клиповите и фотографиите оживуваат на неговиот 6.2″ Max Vision Full HD+ екран со U дизајн. Двојната 12 MP камера има импресивна колекција на режими – spot color, автоматско препознавање на насмеани лица и Google LensTM, за ослободување на вашата креативност и интеракција со светот околу вас. 50% побрз од претходната генерација, moto g7 може да се справи и со најтешките предизвици со кои ќе го соочите, благодарение на супер брзата Snapdragon™ 6322 мобилна платформа. TurboPower полнењето и батеријата која трае цел ден, ви даваат мир дури и во ситуации кога сте презафатени. Со софистицираниот дизајн со контурирано Gorilla Glass стакло, телефонот не само што работи, туку и изгледа импресивно.

moto g7 power: Моќни перформанси за цели 2,5 дена

Новиот член на moto g семејството, moto g7 power е создаден да го реши најголемиот проблем на сите смартфон корисници – животот на батеријата. moto g7 power доаѓа со 5000 mAh батерија, впечатлива за целата индустрија. Тоа значи дека ќе имате батерија за 60 часа (2,5 дена) со само едно полнење. Кога сепак батеријата ќе се испразни, добивате енергија која ќе трае со часови за само неколку минути благодарение на TurboPowerTM полначот. Така не губите драгоцено време и можете брзо да се вратите на она што го правите.1 Уживајте во ултра-широкиот изглед на зашеметувачкиот 6.2″ Max Vision HD+ екран и користете ја батеријата за да работите и да се забавувате со вашите омилени филмови, видеа и игри. Моќната Snapdragon™ 632 мобилна платформа гарантира дека телефонот реагира веднаш на секој допир.

moto g7 play: Компактен дизајн. Импресивни перформанси.

Не дозволувајте неговата големина да ви остави погрешен впечаток. moto g7 play е моќен смартфон со кој ќе заборавите на прекинувањето и доцнењето на апликациите. Благодарение на Snapdragon™ 632 мобилната платформа, moto g7 play е за 60% побрз од претходната генерација.3 Неговиот компактен дизајн се одликува со 5.7″ Max Vision HD+ екран со 19:9 сооднос на сликата. Така, забавата ви е буквално секогаш во раката. А ако сакате да запечатите еден од оние моменти кои се случуваат само еднаш во животот, можете да се потпрете на камерата од 13 MP со автофокус со детекција на фазата и нула задоцнување на блендата која фокусира побрзо од трепнување на окото.

Moto Experience ексклузивни функции

Најновата генерација на moto g смартфони доаѓа со Moto Experience ексклузивните функции кои ја прават секојдневната работа со смартфонот полесна и забавна. Подобрената навигација со едно копче, ги заменува традиционалните копчиња на екранот со една лента за навигација. Во комбинација со AndroidTM 9.0 Pie, секој допир и скролање по екранот работи побрзо од било кога. Ја усовршивме и можноста за сликање на екранот со три прста, за да правите слики подолго време, да сликате цела статија или веб-сајт а потоа веднаш да ги уредите и споделите. Овие нови функции доаѓаат заедно со вашите добро познати и омилени Moto Experience функции за брзо сликање, вклучување на светлото со две движења на раката и чувствителен екран кои ја прават интеракцијата со смартфонот полесна од било кога.

Претходна статијаСамсунг ја претстави најновата “QLED“ серија на телевизори за 2019 година на Форумот Самсунг Европа во Португалија
Следна статијаInstagram тестира можност за испраќање директни пораки и преку веб