nexus-6-colors-970-80

Со секој Nexus телефон, Google имаше хит и беше прилично успешен во високата класа, се до лансирањето на Nexus 6. Иако одличен како смартфон, големите димензии, а особено високата цена, не му дозволија популарност како таа на своите претходници, кои беа многу поевтини од другите Android телефони.

Барем едниот недостаток со сигурност ќе биде исправен. Имено, според првите информации кои ги имаме за новиот Nexus, неговата големина на екранот ќе изнесува 5,7 инчи, што е намалување за 0,3 инчи во однос на Nexus 6. Исто така, планирано е и лансирање на Nexus со 5,2 инчен екран, за оние не сакаат многу големи смартфони.

Информациите велат дека за поголемиот модел ќе биде задолжен кинескиот Huawei, што ќе биде прв пат во историјата на Nexus серијата, додека за помалиот ќе биде задолжен LG. И двата модели ќе имаат Quad HD екран со резолуција од 2560х1440 пиксели, како и Qualcomm Snapdragon 810 процесор со осум јадра, помогнат од 3 GB рам меморија. Слично како кај сите модели од високата класа денес.

Лансирањето на два различни модели, но и намалувањето на димензиите на поголемиот, ќе донесе проблем во именувањето на моделите. На пример, иако после Nexus 6 следува Nexus 7, ова асоцира на супер успешниот таблет од пред неколку години, што значи дека нема да може да се употреби, а не би требало да се очекува ниту име како Nexus 5.7 или 5.2.

Она што можеме да го потврдиме со сигурност е дека новите Nexus телефони ќе бидат првите во светот со Android M оперативниот систем, кој треба да донесе низа подобрувања во перформансите и корисничкото искуство.

Извор: TechRadar

Претходна статијаКомпанијата OTOY направи значаен напредок во 3Д панорамски фотографии
Следна статијаSkype Translator достапен за сите корисници