htconem9_evleaks_full-650-80

Популарниот „протекувач“ на информации, односно нови мобилни уреди, Evan Blass, објави фотографија на која можеме да видиме два нови HTC уреди, за кои се очекува да се новите One M9 и One M9 Plus, кои треба да бидат претставени на 1-ви Март годинава.

Според она што можеме да го видиме, ќе бидат достапни два модели, со и без скенер за отпечатоци на прстите. Но, веројатно поинтересно, дизајнот е целосно нов и е радикално различен од тоа што го најавија неколку други протечени фотографии, за кои исто така се тврди дека се работи за новиот One M9. Овој пат, можеме да видиме два смартфони кои неодоливо потсетуваат на iPhone 6 и 6 Plus, што е во најмала рака чудно, бидејќи пред ова токму Apple го копираше HTC во некои дизајнерски елементи.

Така, целиот преден дел е сега покриен со стакло, додека задниот дел ќе биде изведен во алиминиум. По страните, смартфонот е заоблен и се чини токму тука најмногу потсетува на iPhone, односно делува различно од актуелниот модел, One M8. Во предниот дел може да се забележат и Boom Sound стерео звучниците, кои овој пат се скриени со помали отвори. Претходно најавивме дека уредот треба да има и вграден 5.1 Surround, но Evan Blass не објави таква информација.

Сепак, некои извори велат дека овој смартфон нема да е новиот One M9, туку варијација на неодамна претставениот HTC Eye, наменета за кинескиот пазар. Ова донекаде го потврдува централно поставената предна камера, која делува поголема од вообичаеното. Овој модел е подолго време најавуван како Hima Ultra и истиот има екран со големина од 5 инчи и Full HD резолуција, камера од 20 мегапиксели и најновиот, 64-битен Snapdragon 810 процесор со осум јадра, 4 GB RAM меморија и 32 GB простор за складирање податоци.

Едно е сигурно, а тоа е дека HTC ќе претстави нов смартфон на 1-ви Март, со кој треба да ја отвори сезоната на лансирање на уредите од највисоката класа. Набрзо после него треба да биде претставен и новиот Samsung Galaxy S6, како и новиот знаменосец на LG, G4.

Извор: TechRadarThe Verge

Претходна статија5-тата генерација Intel Core vPro процесори целат на трансформирање на денешната работна околина
Следна статијаCyanogen сака да го тргне Android од контролата на Google – Microsoft ќе инвестира во оваа компанија?