iphone-5se-feat-copy

Apple веројатно конечно ќе престане да им дава нумерички имиња на своите паметни телефони или барем тоа ќе се случи со новиот 4 инчен iPhone, кој треба да биде претставен на јавноста на 15 март на специјална презентација, веројатно заедно со новиот iPad Air.

iPhone SE, како што според нови извори е најавено дека ќе биде името на новиот телефон, ќе ги има скоро сите премиум карактеристики на поголемите модели, но со неколку мали промени. На пример, камерата ќе има 8 мегапиксели, односно ќе биде истата од претходната генерација (iPhone 6 и 6 Plus), а уредот нема да има 3D Touch, кој ќе биде резервиран само за поголемите уреди.

iPhone-SE-vs-iPhone-6S-800x565

Сепак, во внатрешноста ќе биде вграден A9 процесорот на Apple, кој на бенчмарковите е сеуште меѓу најмоќните чипови, особено во брзината на едно јадро – во овој дел е и натаму најбрз процесор кај смартфоните, што е многу важно за секојдневната брзина на уредот, како при лансирање на апликации и сл.

Бидејќи iPhone SE ќе има помала резолуција од онаа на поголемите iPhone-и, перформансите би требало да бидат уште подобри – графиката ќе треба да придвижи многу помалку пиксели. Исто така, благодарение на А9 чипот, корисникот ќе може да ја повика “Siri” со гласовната команда “Hey Siri” дури и ако е заклучен телефонот.

iphone-5se-1

Изгледот на iPhone SE пак треба да биде ист како на поголемите браќа, односно нема да изгледа како iPhone 5S – последниот 4 инчен смартфон на Apple. Димензиите се слични на iPhone 5S – 123,9 mm висина, 58,7 mm широчина и дебелина од 7,6 mm, што не е малку со оглед на големината на дисплејот, но тоа важи за сите iPhone-и досега.

iPhone SE ќе биде достапен во верзии со 16 и 64 GB внатрешен простор, а продажбата треба да почне на 18 Март. Цената сеуште не е најавена, но би требало да е за 100-тина долари пониска од таа на iPhone 6S.

Извор: TechnoBuffalo, 9to5Mac, TechRadar

Претходна статијаВо ново видео може да се види како изгледа старт менито на Microsoft HoloLens
Следна статијаКраток осврт на сите поголеми новитети што беа претставени на MWC во Барселона