gsmarena_001

Новиот знаменосец на најголемиот кинески производител на паметни телефони, треба наскоро да биде претставен на јавноста, а според тоа што го знаеме досега, ќе биде еден исклучително моќен телефон кој со сигурност ќе ги помати сметките на главните конкуренти од Apple, Samsung и LG.

Благодарение на протечените фотографии од P9, имаме добра претстава како би можел да изгледа телефонот, како и дека ќе биде изработен од алуминиум. Исто така, во задниот дел јасно се гледаат две камери, кои веројатно ќе имаат иста функција како двојните камери во LG G5, односно поширок и потесен агол на гледање, но Huawei би можел да има и некој друг адут во ракавот.

Адут плус на Huawei ќе биде и тоа што леќата на камерите ќе биде изработена од Leica – германските стручњаци кои ги прават едни од најдобрите фотографски објективи во светот.

Front

Под камерата е вграден и сензор за читање на отпечатоци, кој во другите смартфони на Huawei веќе се покажа како исклучително брз. Напред веројатно ќе биде вграден 5,2 инчен дисплеј со Full HD резолуција, што значи дека Huawei и натаму ќе одолева на ставање Quad HD екран во своите смартфони од високите класи.

Во внатрешноста, за разлика од конкуренцијата со Snapdragon 820, Huawei ќе вградува свој процесор –  Kirin 955 со осум јадра, четири на 2.53GHz и четири со работен такт на 1.8GHz, кој во најмоќниот “Premium” модел ќе биде опремен со дури 6 GB рам меморија (3 GB во основниот) и опции за 32, 64 и 128 GB простор. Батеријата би требало да има капацитет од 3.900 mAh, што е веројатно повеќе од доволно за смартфон со оваа големина, а полнењето ќе се врши преку новиот симетричен USB Type-C приклучок.

Huawei-P9-Croquis-768x1241

Новиот P9 веројатно ќе биде достапен во 3 дополнителни изведби – P9 Lite кој ќе има малку послаби спецификации, P9 Plus кој ќе има поголем дисплеј, за кои нема дополнителни информации, како и P9 Premium кој ќе има помоќни внатрешни компоненти, како на пример погоре споменатите 6 GB рам меморија.

Оперативниот систем инаку со сигурност ќе биде Android Marshmallow 6.0.1, но со дополнителен EMUI скин, развиен од Xiaomi. За цената сеуште нема информации, но очекувајте да е значително пониска во однос на iPhone 6S, Samsung Galaxy S7 и LG G5.

Huawei-P9-Croquis-768x1241

Извор: TechnoBuffalo, VentureBeat, GSMArena

Претходна статијаSoundHound официјално го пушти нивниот персонален асистент Hound
Следна статијаSwiftKey официјално дел од Microsoft