Остануваат уште околу месец дена до претставувањето на Galaxy S23 серијата, а најверојатно најважната новина која ќе ја донесат овие телефони е користењето на Snapdragon чипот во сите региони од светот. Тоа значи дека европските корисници, односно корисниците во нашата земја, нема да ја добијат верзијата со Exynos, која не се покажува баш најдобро изминатите години.

Најнова неофицијална информација поврзана со перформансите на Galaxy S23 серијата, покажува прилично големо подобрување во споредба со Galaxy S22 серијата. Не е точно истакнато дали споредбата се прави со европските или американските модели, но како и да е, Snapdragon 8 Gen 2, направен на 4nm технологија од TSMC, ќе направи да новата серија биде една од најдобрите досега.

Според информациите, процесорот кај Galaxy S23 серијата ќе донесе 36% подобрување во споредба со претходниците, а ова подобрување кај графичкиот процесор ќе биде дури 48%. Процесорот за вештачка интелигенција, односно машинско учење добива подобрување од 60%.

На ова треба да се додадат најавите дека големо подобрување добива и системот за ладење, нешто што зависи и од подобриот чип, па корисниците ќе добијат телефони со перформанси кои ќе може да се носат со уредите на Apple.

Ќе видиме што се од шпекулациите ќе испадне точно, а со нетрпение ги чекаме тест уредите за да можеме и самите да се увериме во промените.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаФИТР со нов јавен повик за дигитална трансформација на претпријатијата
Следна статија10 корисни iPhone совети од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.